По победата над Романија, ракометарите заминаа за Букурешт

Македонските ракометари синоќа ја победија Романија со 30:22 во рамки на баражот за место на Мундијалот во 2023 година кој ќе се игра во Полска и Шведска. Тие денеска заминаа за Букурешт каде утре ќе го играат реваншот. Натпреварот ќе почне во 15 часот.

Со нив заминаа и Мартин Серафимов и Ненад Костески, додека тренерот Кире Лазаров за утрешниот меч нема да може да смета на Кизиќ, Ѓорѓиев и Стојковиќ.

 

 

Scroll to Top