По поразот од Црна Гора, Македонија е елиминирана од Европско

Ракометната репрезентација на Македонија го доживеа и вториот пораз на ЕП, откако загуби од Црна Гора со 24:28. Никола Митревски со 10 одбрани и Велкоски со шест гола беа најдобри во репрезентацијата на Македонија.

Црна Гора ја предводеше голманот Симиќ со 14 интервенции. Најефикасни беа Милош Вујовиќ со шест гола, односно Шеваљевиќ и Анѓелиќ со по пет.

Македонија ги изгуби шансите за пласман во следната фаза со оглед дека таму одат двете најдобри селекции од групата, а нам ни преостанува уште само пресметката со Данска која ќе ја играме во понеделник.

Scroll to Top