По вакцината, Елиф Елмас вторпат заразен од корона

Македонскиот фудбалски репрезентативец на Наполи, Елиф Елмас може да не игра на дербито против Јувентус, оти е позитивен на коронавирус.

Елмас по новогодишните празници требаше да се врати од Скопје во Неапол, но поради позитивен ПЦР-тест, што му бил направен во четвртокот вечер, следните денови ќе остане во домашна изолација.

„Елиф Елмас е позитивен на коронавирус на тестирањето извршено во Македонија пред неговото враќање во Италија. Фудбалерот е вакциниран и нема симптоми, и ќе остане во изолација во својот дом“, соопшти синоќа Наполи.

Елмас по вторпат е позитивен на Ковид-19, откако беше заразен со вирусот и во октомври минатата година кога отсуствуваше од терените три недели.

Scroll to Top