Почина двегодишната ќерка на фудбалер од „Арсенал“

By

Поранешниот фудбалер на „Арсенал“ Бенико Афобе потврди дека починала неговата двегодишната ќерка Амора. 26-годишниот фудбалер, кој во моментов игра за „Бристол Сити“, откри дека таа починала од инфекција.

„Ја однесовме Амора во болница поради сериозна инфекција, но, за жал, се случија големи компликации. Иако лекарите направија сè што е во нивна моќ, Амора почина во мир опкружена со љубовта на нејзиното семејство. Ние сме скршени и уништени и ве молам за почит и приватност во овие тешки моменти“, рече тој за Би-би-си.

Сочувство до семејството испрати и неговиот клуб од Бристол, кои рекоа дека нивните „мисли и молитви се со Бенико и неговата сопруга Лоиз“.

Ќе ви се допадне