На 89 години почина поранешниот фудбалер Франциско Генто од Шпанија. Тој играше за Реал Мадрид од 1953 до 1971 година за кого одигра 600 натпревари и постигна 182 гола..
Тој е единствениот играч во светот што шестпати го освоил трофејот европски шампион. А исто така, со Реал Мадрид го освои шпанското првенство 12 пати, двапати го освои Купот на Шпанија и еднаш Интерконтиненталниот куп во 1960 година.
За мадридскиот клуб вкупно освои 23 трофеи, што е клупски рекорд. Марсело се израмни со него оваа недела по бројот на титули.