Кошаркарот од Србија Дарко Дамјановиќ, почина вчера на 35 годишна возраст. Тој како играч остави голем печат во кошарката, особено во баскетболот.
Беше репрезентативец на Србија и имаше голем број настапи во странство. Учествуваше на голем број турнири и беше добро позната личност на терените за кошарка, не само во Србија, туку и пошироко во светот.
Дамјановиќ освен баскетбол, во последно време се занимаваше професионално и со кошарката. Тој го носеше дресот на КК Риверс. Управата на клубот преку „Твитер“ се прости од својот играч.
Дамјановиќ беше еден од оние кои најмногу допринесоа за развојот на српскиот баскетбол. Веста за неговата трагична смрт ја потврдија и од Спорт клуб, на почетокот на турнирот во Дебрецин.
„Овој пренос ќе го започнеме на поинаков начин од вообичаено, затоа што така бара ситуацијата, која е една од оние кога животот е пред спортот. Баскетболот доживеа голем удар во Србија и пошироко, затоа што трагично почина Дарко Дамјановиќ, поранешен репрезентативец и баскетбол играч, кој остави неверојатна трага во претходните две децении. Освои голем број на турнири во различни категории. Баскетбол светот е завиен во црно. Играв со него, а последниот турнир кој го одигравме заедно, се случи во Смедерево и беше меморијален. Сега некој друг турнир, за жал, ќе биде меморијален во негова чест. Дарко почивај во мир“, изјавил коментаротор на „Спорт клуб“.