Почина претседателот на РК „Преспа“, за чие лекување се бараше крвна плазма

Синоќа на 40-годишна возраст почина Илче Котевски, претседател на РК „Преспа“, кој боледуваше од Ковид-19. За него преку социјалните мрежи се бараше крвна плазма.

„Се боревме колку што можевме, ни требаше затоа што беше прекрасен човек, спортист и активист, секогаш насмеан, весел, секогаш дружељубив. Не успеавме да ја победиме страшната болест. Жалот е многу голем пријателе и секогаш ќе бидеш во нашите спомени“, стои во порака на социјалните мрежи.

Докторот Мирослав Бошковски деновиве донираше крвна плазма за Котевски, но тој сепак не успеа да оздрави од корона.

Котевски беше меѓу првите заразени од Ресен и беше хоспитализиран од 10 јуни со променлива здравствена состојба. Пред два-три дена состојбата значително му се влошила, па примил и крвна плазма, но вчера изутрина бил поставен на респиратор, а кусо потоа починал.

Освен како претседател на РК „Преспа“, Илче беше успешен ракометен голман, а беше познат во градот и во Преспанскиот Регион и како добар угостител, хуманист. Сограѓаните денеска се простуваат од него.

Scroll to Top