Поддршка за Ноле од холивудскиот актер Џејми Фокс

Холивудскиот актер Џејми Фокс го поддржа Новак Ѓоковиќ, откако тенисерот беше дисквалификуван од УС Опен.

„Главата горе, брату“, му напиша Фокс.

Ѓоковиќ беше дисквалификуван од УС Опен затоа што го удри линискиот судија со топка во финишот на првиот сет од осминафиналето.

И Јелена Ѓоковиќ, го поддржа светскиот рекет број 1.

„Засекогаш со тебе, љубов“, напишала Јелена.

Scroll to Top