„Поминував низ пекол“ – Хамилтон проговори за короната и за последиците што сè уште ги чувствува

Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, проговори за короната и за последиците што сè уште ги чувствува од вирусот. Британецот, кој неодамна го прележа Ковид-19, призна дека изгубил многу килограм и дека животот му се претворил во пекол.

„Изгубив шест килограми во последните два месеца, четири по добивањето корона. Изгубив многу од мојата мускулатура. Сега почнувам од почеток. Не ми е забавно, но одлучен сум во намерата да се вратам во старата форма“, изјавил Хамилтон, кој дополни дека е среќен што е жив.

Тој откри дека бил целосно уништен и дека на моменти му било многу тешко.

„Ковидот не е шега. Никогаш не ни помислив дека е. Знаев дека во еден момент ќе биде тешко затоа што луѓето умираат од оваа болест. Знаев дека е сериозно. Мислам дека е многу чудно што гледаме како светските лидери се смеат како тоа да не е ништо“, изјавил Хамилтон.

Scroll to Top