Поранешен светски шампион во пливање уапсен поради трговија со дрога

Поранешниот светски шампион во пливање, Скот Милер (45), бил приведен и обвинет за трговија со дрога, откако полицијата му запленила метамфетамин вреден 1,6 милиони долари. Тој е обвинет и за членување во криминална група.

Полицијата уапсила уште еден неименуван маж (47) во Сиднеј, откако пронашла метамфетамин скриен во осум свеќи.

„Милер бил на чело на криминалната група. Останатите работеле по неговите упатства. Ова не е мала операција. Тие биле добро организирани и добро финансирани“, изјавил полицискиот детектив Џон Вотсон, а пренесува агенцијата АП.

Милер освои сребрен медал на трката на 100 метри пеперутка во Атланта во 1996 година, а беше и дел од австралиската штафета 4х100 метри, која освои бронза. Тој освои и златен медал на Светското првенство во Рио де Жанеиро во истата дисциплина.

Scroll to Top