Поранешниот ас на Реал Мадрид уапсен за детска порнографија

Поранешниот репрезентативец на Германија и одбранбен играч на Реал Мадрид, Кристоф Мецелдер (39), е обвинет за поседување и делење детска порнографија.

Прочуениот германски весник „Дер Шпигел“ пренесува дека Мецелдер ја признал вината. Наводно, во неговиот мобилен телефон биле пронајдени 297 порнографски фотографии од деца.

Германецот фотографиите потоа ги дистрибуирал на три жени. Ги испраќал преку популарната апликација „Вацап“.

Уште минатата година била отворена истрага против славниот фудбалер. Полицијата влегла во неговиот стан и ги запленила компјутерот и мобилниот телефон.

Прославениот фудбалер настапувал за Борусија Дортмунд, Реал Мадрид и за Шалке, а бил стандарден стопер на репрезентацијата на Германија.

 

 

Scroll to Top