Проблеми за Ѓоковиќ на почетокот на турнирот, реагира медицинскиот тим

Првиот меч против Рикардасо Беранкиси на мастерсот во Синсинати не мина во најдобар ред за Новак Ѓоковиќ кога тој во еден момент се најде на теренот поради повредата на вратот.

Мораше да интервенира и медицинскиот тим.

„Повторно, по шест месеци, почна да ме боли вратот. Болката ми сметаше за време на сервисот, но добрата вест е што се чувствувам подобро од вчера и завчера. Тоа е добар знак. Се надевам дека сè ќе биде во ред“, изјавил Ѓоковиќ по мечот.

Ноле го доби мечот со 7;6 6:4, но не беше премногу убедлив во победата. Како што и самиот изјави, сервисот му беше најголем проблем поради повредата на вратот. Тој се пожали и на теренот и на промената на подлогата.

„Не знам што направија со подлогата, но 20 до 30 отсто е побрза од тоа што беше претходно. Морам да се навкинам и ќе ми биде потребно малку повеќе време“, вели Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ во моментот е во Њујорк, каде што се одржува мастерсот, кој беше премесен од Синсинати.

 

 

Scroll to Top