Првин го исфрлија од Формула 1, а сега полицијата му заплени и 120.000.000 евра, нови проблеми за Русинот Никита Мазепин

Откако го исфрлија од Формула 1 натпреварувањето, сега италијанската полиција на Русинот Никита Мазепин му заплени 120.000.000 евра. Италијанците во понеделникот му го запленија целиот имот како резултат на санкциите низ кои минуваат сите блиски луѓе на Владимир Путин.

Санкциите прво му ги воведоа од неговиот тим во Форумла 1 „Хас“, кога го исклучија од тркачкото натпреварување, затоа што татко му, Дмитри се смета за близок човек на рускиот претседател.

По агресијата на Русија врз Украина, Мазпеин беше на удар на санкциите од западните земји. Оваа од италијанската е последна и најтешка досега. Италијанците му ги запленија сите недвижнини кои го има во земјата, имот кој се проценува на околу 120.000.000 евра.

Меѓу имотот кој го има во Италија е и луксузната вила на Сардинија во пределот на Портиско. Станува збор за едно од најлуксузните одморалишта на островот Сардинија.

Италијанците откриле дека споменатиот имот е на име на 23-годишниот Никита и неговиот татко Дмитриј. Станува збор за вила наречена „Роки Рам“, која Дмитри ја купил во 2012 година. Според информациите од Италија, нејзината вредност изнесува 105.000.000 евра. 

Другите имоти пак се проценети на околу 15 милиони евра.

Scroll to Top