Првпат во историјата ФИФА нема да додели „Златна топка“

Наградата „Златна топка“, која ФИФА ја доделува на најдобриот фудбалер во светот од 1956 година, годинава првпат нема да биде доделена. Причината за ова е прекинот на сезоната што беше предизвикан од пандемијата на коронавирусот.

Церемонијата на доделувањето на наградите на најдобрите во светот на фудбалот почна пред 64 години. Првиот освојувач на наградата бил Англичанецот Стенли Метјуз, кој победил во изборот пред Алфредо ди Стефано и Рејмонд Копа.

Лани за најдобар играч беше прогласен Лионел Меси. Аргентинскиот играч е рекордер со шест освоени „Златни топки“ во кариерата.

Зад него е Кристијано Роналдо со пет, а по три „Златни топки“ освоиле Јохан Кројф, Марко ван Бастен и Мишел Платини.

Оваа година фудбалските експерти најголеми шанси за освојување на наградата му даваа на Роберт Левандовски.

Scroll to Top