Ракометната федерација донира 5.000 евра за ракометарот Тони Шопов

Ракометната федерација на Македонија донира 5.000 за лекување на велешката ракометна легенда Тони Шопов во Турција. Шапов е тешко болен, а за неговото лекување се потребни 20.000 евра, па семејството и пријателите побараа помош и донации преку социјалните мрежи.

„Управниот одбор на РФМ донесе одлука да донира финансиски средства во висина од 307500 денари за лицето Тони Шопов за лекување во странство. Тони Шопов е истакнат спортски работник од Велес, некогашен репрезентативец со особен придонес за ракометот. Упатуваме искрени желби за брзо закрепнување“, напишаа од Федерацијата во нивната објава.

Некогашниот ракометар боледува од Descendenten colon (Adenocarcinoma colonis). Првата операција ја имаше во 2017 година на дел од дебелото црево. По операцијата следеа осум циклуси на хемотерапија. Во 2019 година, во втората операција, ретропиротонеална лимфаденектомија, му беше отстранет левиот уретер и бубрег. По ова повторно одеше на хемотерапија. Тој беше препратен во Турција на радиотерапија со специјални SBRT зраци кое досега беше успешно, но бидејќи болеста се врати, пак мора да го продолжи лекувањето во Турција со 12 циклуси хемотерапија во комбинација со SBRT зраци, а чини 20.000 евра. Ваква терапија не е достапна во нашата држава.

Семејството не е во можност да ги покрие трошоците и сè уште бара донации, преку Фејсбук Fundraiser: https://www.facebook.com/donate/1275998199442497/ и Линк од Go Fund me Fundraiser: https://gf.me/u/y4cfjc.

 

 

Scroll to Top