Раул Гонзалес: Среќен сум што ќе се вратам во Македонија

Тренерот на ПСЖ, Раул Гонзалес, вели дека е среќен што ќе има можност повторно да дојде во Македонија и да се види со дел од своите пријатели. Ждрепката од ракометната Лига на шампионите ги спои Вардар и ПСЖ. Тоа значи дека Раул Гонзалес повторно ќе излезе пред публиката на Вардар во салата „Јане Сандански“.

„Среќен сум што ќе се вратам во Македонија, не сум бил овде долго време. Тоа ќе биде шанса повторно да видам некои мои пријатели. Ќе биде многу посебно за мене. Исто така, првпат ќе играм против мојот стар тим во таа сала. Очекувам добро да бидам примен од публиката. Тие се едни од најдобрите фанови во светот, секогаш му даваат поддршка на тимот и многу е тешко да победите таму“, вели Раул Гонзалес за официјалната интернет-страница на ПСЖ.

Scroll to Top