Реал Мадрид конечно има женски фудбалски тим

Реал Мадрид по 118 години постоење, конечно доби и женски фудбалски тим.

Тринаесеткратниот европски првак го купи мадридскиот клуб Такон за 300.000 евра и тој отсега ќе се вика Реал Мадрид Феменимо.

„Реал сака да придонесе кон развојот и подемот на женскиот фудбал. Дојде време да изградиме тим на кој ќе бидете горди“, изјави претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перес.

Такон е формиран во 2014 година и минатата сезона се пласираше во најсилната шпанска лига, кога почна да се подготвува за преземањето, доведувајќи ги шведските репрезентативки Косоваре Аслани и Софија Јакобсон и Бразилката Таиса.

По овој потег, Борусија Дортмунд остана последниот европски фудбалски гигант без женска екипа.

Scroll to Top