Реал Мадрид по 57 години повторно успеа петпати по ред да ја победи Барса

Најтрофејниот шпански клуб Реал Мадрид првпат по 57 години успеа да стигне до пет победи во низа против својот најголем и најлут ривал Барселона, откако вчера по продолженија со 3-2 ги елиминираше Каталонците, за финале во Суперкупот на Шпанија, чиј фајнлфор се игра во Ријад, Саудиска Арабија.

За „кралевите“ ова е втора најдолга серија победи против Барса, а засега најдолгата е од 60-тите години, кога седумпати Реал ја победи Барселона во низа во периодот од 1962 до 1965 година.

Барселона последен пат го победи Реал во март 2019 година или безмалку три години се нема израдувано на триумф против мадридскиот великан.

Scroll to Top