Роналдо го напушта Јувентус

Португалските медиуми пренесуваат дека Кристијано Роналдо е незадоволен во Јувентус и дека набргу би можел да го напушти клубот од Торино.

Весникот Footmercato пишува дека неговиот агент Хорхе Мендеш веќе стапил во контакт со спортскиот директор на Пари-Сен Жермен, Леонардо, и дека наголемо се работи на трансфер на Португалецот во францускиот клуб.

Во служај ПСЖ да го донесе Роналдо во своите редови, ќе има неверојатен напаѓачки тим и џокери на клупата.

Во францускиот шампион ќе ги има Роналдо, Нејмар, Мбапе и Икарди. Инаку, за потсетување, во петокот Јувентус беше елиминиран од Лигата на шампионите по реванш-дуелот со Лион, во кој „старата дама“ не успеа да оствари поволен резултат.

Лион по победата од 1:0 на домашен терен и покрај поразот од италијанскиот шампион од 2:1 во реванш-дуелот, сепак ќе патува во понатамошната фаза од европското натпреварување. Управата на Јувентус по натпреварот го отпушти Сари, а на негово место го постави Андреа Пирло.

 

 

Scroll to Top