Роналдо пред мечот со Барселона напиша дека ПЦР-тестовите се срање

Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, напиша на социјалнтие мрежи дека ПЦР-тестовите за докажување коронавирус се срање. Тој бргу потоа ја избриша објавата, но голем број од неговите фанови ја снимија и почнаа да ја споделуваат на интернет.

Фудбалерот, кој е позитивен на коронавирус, не можеше да настапи во мечот против Барселона во Лигата на шампионите. Неговиот втор ПЦР-тест, кој го направи пред мечот со шпанскиот тим, се покажа позитивен. Поради тоа, најдобриот светски фудбалер реагира бурно на интернет.

На Португалецот тешко му падна изолацијата во која се наоѓа затоа што двапати на тестот беше позитивен на Ковид-19. Тој не можеше да им помогне на своите соиграчи во дуелот против каталонскиот тим, кој го изгубија со 2:0 во Торино.

Неговиот коментар наиде на остри реакции од медицинската струка.

„Добредојде, колега Кристијано Роналдо, во нашата група на виролози. Добро ќе ни дојдеш во наредниот меч против офалмолозите“, му порача еден од главните специјлисти во Италија, Роберто Буриони.

Роналдо, поради коровирусот, пропушти четири меча со Јувентус. По два во Лигата на шампионите и во Серија А. „Старата дама“ во тие меча запиша само една победа, две реми и еден пораз.

 

 

Scroll to Top