Руски гимнастичар ја залепи озогласената буква Z на својот дрес како знак на победа и мир

Рускиот гимнастичар Иван Куљак го шокираше спортскиот свет откако ја залепи буквата Z на својот дрес, со што ја поддржа руската воена интервенција во Украина. Веднаш по настанот, Меѓународната гимнастичарска федерација побара да се поведе дисциплинска постапка против него, објавија светските медиуми. Тој освои медал  на Светското првенство во Доха, Катар, па на доделувањето застана до златниот Украинец Илја Ковтун, носејќи ја озогласесниот симбол Z кој го корости руската војска за да ги означи своите оклопни возила.

„Ни рекоа да залепиме нешто над знамето и јас го направив тоа. Веќе ми забранија сѐ што можам. Само сакав да покажам од каде сум и тоа е сѐ. Не се плашев од последиците и зло не посакувам никому. Овој знак значи победа и мир“, изјави Куљак, а пренесесе рускиот медиум Вогимнаст.

Тој нагласи дека за сѐ се виновни Украинците кои „провоцирале“ на спортските натпревари.

„Украинските спортисти се однесуваат со нас на грд начин. Тоа едноставно требаше да го видите за да поверувате“, додаде тој.

Куљак објасни дека на својата оперма го ставил симболот Z бидејќи неговите украински ривали се виткале во знамиња.

„Излегуваа завиени во украински знамиња на подиумот и извикуваа ‘Слава на Украина’. Според правилата на натпреварувањето, тоа не е дозволено, но тие го направија тоа. Побараа и да нѐ исфрлат од натпреварувањето и покрај тоа што никому ништо лошо не сме и нема да направиме. Мислам дека постапив правилно“, вели тој.

По инвазија на Украина, на руските спортисти им беше забрането да носат обележја на нивната татковина, односно на нивните дресови не смееше да пишува Русија, како ни да имаат руско знаме. Додека се интонираа химните, наместо нивната официјална химна со препознатливата мелодија од советско време, се свиреше друга мелодија. Тие повеќе нема да имаат можност да се натпреваруваат на светскиот собир во Катар откако стапи на сила забраната за руски и белоруски спортисти.

 

Scroll to Top