Саудиски принц ќе го купи Интер за милијарда долари

По англискиот премиерлигаш Њукасл, шеикот Мохамед Бин Салман од Саудиска Арабија ќе го купи и Интер, тврди „Интернешенл бизнис тајмс“, еден од највлијателните весници за економија во светот.

Според него, инвестицискиот фонд е многу блиску до купопродажен договор со кинеската компанија „Сунинг“, кој е актуелен сопственик на италијанскиот првак Интер. Купопродажбата од милијарда долари би требало да се случи во наредниве неколку денови.

Според изворот на весникот, Интер во првите месеци од 2022 година ќе добие супер моќен сопственик, а потоа ќе добие и буџет за да купи неколку големи засилувања. Клубот се најде во потешкотии летово, па мораше да продаде дел од најдобрите фудбалери меѓу кои Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими. Но Интер успеа да обезбеди достојни замени и се најде на првото место на табелата во Серија А.

 

Scroll to Top