Седум фудбалерки од македонската женска репрезентација се позитивни на коронавирус. Тие добија позитивни резултати од првиот скрининг-тест на вирусот Ковид-19.
Само две фудбалерки од Каменица Саса и пет од Тиверија се без никакви симптоми на вирусот. Тестовите на македонската женска репрезентација и стручниот штаб беа направени пред почетокот на подготовките за натпреварот со Франција.
Сите членови на тимот беа во изолација и немаа меѓусебен контакт до добивањето на резултатите. Резултатите од вториот тест за присуство на вирусот Ковид-19 се негативни за сите репрезентативки и членови на женската репрезентација.
Натпреварот меѓу Македонија и Франција се игра утре на Националната арена „Тодор Проески“ во 21:00 часот.