Серхио Агуеро објави крај на кариерата, фудбалерот се расплака на прес-конференцијата

Аргетинскиот фудбалер Серхио Агуеро (33) и напаѓач на Барселона попладневно прогласи предвремен крај на својата 18-годишна фудбалска кариера поради здравствени проблеми. Тој емотивно ја доживеа целата ситуација, па се расплака средЕ прес-конференцијата во Барселона.

„Одлучив да престанам да играм професионален фудбал. Одлуката ја донесов поради своето здравје, поради проблемите што ги имав пред еден и пол месец. Бев во добри раце на лекарскиот тим и тие ме советуваа да престнам да играм фудбал. Одлуката ја донесов пред десетина дена. Направив сè што беше во мојата моќ да задржам барем и најмала надеж, но не одеше. Се гордеам на мојата кариера и среќен сум за она што го постигнав“, изјави Агуеро.

https://www.youtube.com/watch?v=vgYwTWZU6n4

Тој беше во придружба на претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта, а поддршка му изрази и неговиот поранешен тренер во Манчестер сити, Пеп Гвардиола.

„Сакам да им се заблагодарам на сите што ми помогнаа во Атлетико Мадрид, каде што дојдов на 18-годишна возраст, на луѓето во Сити, кои знаат колку многу ми значат. Дадов сè од себе и одлично бев примен, а им благодарам на сите и во Барселона, кои се неверојатни. Без сомнение тоа е еден од најдобрите клубови во светот. Благодарност и до аргентинската репрезентација, која најмногу ја сакам“, додаде Агуеро.

Летово тој дојде во Барселона по трасферот од Манчестер сити, каде што постигна 184 гола на 275 натпревари во Премиер лигата и стана најдобар стрелец на сите времиња.

За потсетување, тој мораше предвреме да се пензионира поради неодамнешните здравствени компликации и констатираната срцева аритмија поради која предвреме го напушти теренот за време на првенствениот натпревар меѓу Барселона и Алавес (1:1).

Аргентинецот првично требаше да паузира од фудбалот три месеци, но набргу почнаа да пристигнуваат вести дека состојбата со неговото срце е многу посериозна и веќе нема да може активно да игра фудбал.

Scroll to Top