Аргентинскиот фудбалер Серхио Агуеро (33), напаѓачот на Барселона, во среда предвреме заминува во пензија. Шпанските медиуми објавија дека за тогаш е закажана прес-конференција, но засега нема коментар ниту од клуб ниту од фудбалерот.
Тој дојде во Барселона за да игра со својот кум Лионел Меси, за чиј тим одигра пет натпревари и успеа да постигне еден гол. Тој е најдобриот стрелец во историјата на Манчестер сити. За 10 години постигнал 260 голови во дресот на Сити.
За потсетување, пред повеќе од месец дена му беше откриена срцева аритмија, откако тој претходно побара измена во првото полувреме, на натпреварот со Алавес, поради проблеми со дишењето.