Шевченко ќе биде новиот тренер на Џенова

Поранешниот фудбалер на Милан, Андреј Шевченко, ќе биде новиот тренер на Џенова. Украинецот наскоро ќе го преземе клубот кој се бори за опстанок во Серија А. По ремито со Емполи синоќа (2:2) тренерот Давиде Балардини заработи отказ.

Претседателот на клубот Џанлука Ди Марцио прв објави дека Шевченко ќе го наследи на клупата. Некогашниот фудбалер на Челзи, беше селектор на Украина, а позицијата ја напушти по завршувањето на Европското првенство.

Италијанските медиуми објавија дека тој ќе потпише двегодишен договор со Џенова.

Џенова во наредниот период има исклучително тежок распоред. Шевченко би требало да дебитира против Рома на 21.ноември, а потоа Џенова ќе игра против Удинезе, Милан, Јувентус, Сампдорија…

Scroll to Top