Српскиот тренер и некогашен фудбалер, Синиша Михајловиќ, е негативен на коронаворус, соопштија од неговиот клуб „Болоња“. „По леукемијата, Михајловиќ ја победи и короната“, стои во соопштението на клубот.
Српскиот тренер од денес ќе се врати на теренот и ќе може да ги тренира фудбалерите. Тој доби позитивен тест на Ковид-19 на 23 август и оттогаш работеше на „далечина“ со својот тим – беше затворен во својата хотелска соба во Пинцоло од каде што ги следеше тренинзите.
„Жал ми е што не сум на тренинзите со тимот. Пред една година беше леукемијата, сега е Ковид, но моите момци работат добро и без мене. Ќе се ослободам од оваа ситуација, исто како од леукемијата“, рече пред неколку дена Михајловиќ.
Sinisa Mihajlovic è guarito dal Covid-19! Domani il ritorno in campo dal suo Bologna https://t.co/z54yYyDcqk
— SportPress24 (@SPress24) September 7, 2020