Синиша Михајловиќ: Шармот е тоа што ме привлекуваше кај Аркан

Автобиографијата на српскиот фудбалски стратег Синиша Михајловиќ, „Игра на животи“, предизвика бурни реакции во италијанската и српската јавност.

Тој во дел во книгата го опишал и својот однос што го имал со Жељко Ражнатовиќ – Аркан.

„На почетокот ме привлекуваше неговиот ѓаволест шарм, а подоцна станавме големи пријатели. Никогаш нема да правам некои работи како што тој ги правеше, но нема ни да го негирам пријателството со него. И тој беше дел од мојот живот“, напишал Михајловиќ.

За потсетување, Михајловиќ веќе некое време е на удар на левичарите во Болоња поради своето пријателство со Аркан. Од него се барало да се одрече од Ражнатовиќ ако сака да стане почесен граѓанин на Болоња.

Неговата книга, која е пуштена во продажба, се најде и во италијанските медиуми. Тие ги пренесоа и најинтересните моменти од неговата фудбалска кариера.

Италијанците со особено внимание го пренеоа моментот кога популарниот Михајловиќ го опишува прочуениот конфликт што го имаше со Патрик Виера, кој се случи во 2000 година.

„Една работа што не би ја повторил е онаа во октомври 2000 година. Кога играв фудбал, ги плукав играчите, им удирав лакти и ги навредував. Тоа се случи и со Виера. Му реков ‘црнчуга’ и добив суспензија од три натпревари. Погрешив, и тоа многу. Но, тој мене ме нарекуваше ‘Циган’ целит натпревар“, вели Михајловиќ, кој објаснува дека не постои таква работа каква што е расизмот во Србија.

 

 

 

Scroll to Top