Синот на Роналдо потпиша за Манчестер јунајтед, ќе го носи бројот седум како татко му

Синот на Кристијано Роналдо, Јуниор, потпиша договор со англискиот клуб Манчестер Јунајтед. Тој од наредната сезона ќе игра во младинскиот тим до 12 години и ќе го носи бројот 7 како и неговиот татко. На потпишувањето со него беа мајка му Георгина и двете помали сестри и брат.

11-годишниот Роналдо тренираше во академијата на клубот уште од почетокот на сезоната, а професионален договор со клубот ќе може да потпише дури кога ќе наполни 16 години, како што е правило во Англија.

Со новиот дрес се пофали и неговиот пријател Габриел, кој објави заедничка фотографија.

Scroll to Top