Сите клекнаа освен рагби играчот кој смета дека хомосексуалците треба да одат во пеколот

Пред почетокот на синоќешниот рагби натпревар во Супер лигата меѓу каталонско-францускиот тим Каталнс Драгонс и англискиот тим Сент Хеленс, се случи мал инцидент, во кој учествуваше еден до играчите на теренот.

Австралискиот играч Израел Фолау, не го испочитува движењето Blac Lives Mater и одби да клекне заедно со останатите играчи на теренот.

Контроверзниот Фолау е познат по неговите јавни изјави и настапи. Тој е голем верник и смета дека хомосексуалците треба да одат во пеколот.

Истото го мисли и за атеистите, пијаниците, прељубниците, лажговците, лицата што блудничат, и арамиите и на сите постојано им порачува дека мора да се покаат и дека само Исус може да ги спаси. Сето тоа го промовирал и на социјалните мрежи.

Инаку поради тие размислувања Фолау пред неколку години беше отстранет од својот клуб во Австралија, па за да игра мораше да направи трансфер во Европа.

Scroll to Top