Скијачот Боде Милер шести пат стана татко

Поранешниот светски шампион во скијање, Американецот Боде Милер и неговата сопруга Морган добија ќерка. Веста за раѓањето на шестото дете тие ја потврдија на Инстаграм.

„Таа е тука“, напиша Морган и објави слика од Боде и бебето.

Морган откри дека се породила во нивниот дом во Калифорнија со помош на бабица.

„Таа е совршена, нашите срца се толку полни. Боде ми кажа еден ден откако се роди дека тоа бил најсреќниот момент во целиот негов живот“, изјави Моргани додала дека сè уште се договараат за името на девојчето.

Инаку, Боде и Морган ги имаат синовите Истон (3) и Неш (6), како и двегодишните близнаци Ашер и Аксел. Во јуни 2018 година, тие доживеаја трагедија кога нивната 19-месечна ќерка Емелин се удави во базенот на соседот.

Scroll to Top