Репрезентацијата на Македонија во 93 минута ремизираше против Грузија во натпревар од квалификациите за Лигата на Нации. По првото полувреме резултатот беше 0:0, а на крајот македонскиот тим со голот од пенал на Алиоски избегна пораз на домашен терен.
Македонскиот тим од 68 минута играше со фудбалер помалку, откако голманот Столе Димитриевски по истрчување и лоша проценка, играше со рака надвор од шестнаесетникот и доби црвен картон. Предноста од играч повеќе Грузија ја искористи по неколку минути, кога поведоа со 0:1 со голот ма Кваратшкелија. Резултатот го израмни Езѓан Алиоски од пенал и ѝ донесе 1 бод на Македонија.
По ова реми, на табелата во групата Ц, Македонија го дели првото место со Грузија по шест освоени бодови, по што следи Ерменија со пет, а Естонија е последна со два освоени бода.
Фото: УЕФА