Срамниот транспарент на „комитите“ ги засени плишените мечиња што битолчани ги фрлаа за болните деца

За време на клучниот натпревар помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, кој се одржа вчера во спорстската сала „Боро Чурлевски“, се случи војна со пароли меѓу нивните навивачи. Вечното ривалство меѓу „комитите“ и „чкембарите“ вчера дојде до израз преку разните транспаренти што ги држеа двете страни. Додека „комитите“ ги омаловажуваа сестрите на навивачите, „чкембарите“ им порачаа дека не шират корона, туку сида.

„Конечно, се симна 30-годишната забрана за ‘комитите’ во битолската сала на натпреварите со Пелистер. Првпат во историјата добивме дозвола за наше присуство, со лимитиран број навивачи. Конечно, вистинско ракометното дерби, и на теренот и на трибините!“, напишаа „комитите“ на „Фејсбук“.

Дел од транспарентот „Приберете си ги сестрите, ви ги помина цело Скопје!“ иницира лавина реакции од активистките за женски права, кои бараат да се прекине со испраќањето омаловажувачки пораки за жените при препирките на навивачките групи.

Светла точка на натпреварот беа стотина плишени мечиња, кои беа фрлени на теренот на полувремето и кои ќе им бидат донирани на децата од ранливите категории.

Со ова навивачите на Пелистер се придржија кон светската хуманитарна акција за сиромашните деца.

Фото : Фејсбук

Дел од транспарентите на Вардар:

Дел од транспарентите на Пелистер:

 

(Видео) Прекрасната божиќна традиција на навивачите на Бетис, фрлаа плишани мечиња за сиромашните деца

 

Scroll to Top