Стадионот Камп Ноу на Барселона ќе добие ново име

Стадионот на Барселона Камп Ноу ќе добие ново име. Според пишувањата на каталонските медиуми, новото име на шпанскиот гигант ќе биде „Спортифај Камп Ноу“. Новото име кое е договорено со шведска компанија, ќе се користи во наредните години.

Засега од Барселона не откриваат на што се должи промената на името, но, според пишувањата на некои од медиумите, клубот од истото би можел да заработи дури 280 милиони евра, што значително ќе ја олесне комплицираната финансиска состојба во клубот.

Станува збор за шведски провајдер на медиумски услуги, кои изминатите неколку недели се најде во центарот на голем скандал. „Спотифлај“ не ги отстранил голем дел од антиваксерските содржини, како што се подкастите полни со теории на заговор од платформата.

Оттука голем број на музички ѕвезди бараа нивната музика да биде отстранета од истата.

Освен промената на името на стадионот, името на компанијата „Спортифај“ ќе биде напишано и на дресовите на фудбалерите, како и на опремата на женскиот клуб и на маиците за тренинг. Од 2017 година, Барселона на дресовите го носеше името на јапонската компанија „Ракутен“.

Основачот на оваа компанија имаше деловни врски со одбранбениот фудбалер Џерард Пике, па многумина шпекулираа дека Шпанецот има некаква врска со ова спонзорство.

 

 

Scroll to Top