Столе Димитриевски го немаше на вчерашниот меч за Рајо Валјекано против Бетис. Тренерот на Рајо објасни дека Столе бил повреден, но и покрај ситната повреда, една од причините е и што деновиве го комплетира трансферот на кариерата.
Според Екипа.мк прашање на време е неговото заминување од Рајо и преминот во Барселона.
Веќе има договор, челниците на Рајо ги договорија сите детали, и сега останува само потпис и промоција. Според информациите, Димитриевски веќе се збогувал со соиграчите од тимот и сега трансферот од соништата е извесен.
Димитриевски го остварува својот сон, станува дел од еден од најдобрите светски клубови.
Димитриевски сезонава игра одлично и ја има својата најдобра полусезона во кариерата. Четврти голман во Европа по број на одбранети удари во просек, еден од најдобрите во Шпанија, а беше сместен и во најидеалниот тим на полусезоната во Ла Лига.
За Димитриевски пред извесен период беа заинтересирани и од рускиот тим Сочи, но се реши да остане во Рајо и се избори за место во првиот тим, а потоа стана и еден од најдобрите голмани што му донесе голем трансфер. Инаку, освен Барселона, за Димитриевски има интерес и од неколку други шпански клубови.