Судот во Лозана ѝ дозволи на Валиева да продолжи да се натпреварува

Судот за спортска арбитража во Лозана (ЦАС) донесе одлука да ѝ дозволи на руската лизгачка Камила Валиева да продолжи да се натпреварува на Зимските олимписки игри во Пекинг. Тој ја потврди одлуката на Руската анти-допинг агенција, која ѝ ја укина суспензијата на 15-годишната Валиева. Таа беше суспендирана поради позитивен допинг-тест на 25.декември.

Иако руската анти-допинг агенција ѝ ја укина суспензијата, Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), Светската анти-допинг агенција (ВАДА) и Меѓународната лизгачка унија (ИСУ) поднесоа жалба и побараа за случајот да реши Судот во Лозана. По што ЦАС ги одби жалбите на жалбите на ИОК, ВАДА и ИСУ.

Во вторник Валиева ќе продолжи да се натпреварува на Игрите во Пекинг, а рускиот тим ќе може да си ги добие златните медали во екипна конкуренција.

Scroll to Top