Новак Ѓоковиќ ја доби судската битка и ќе остане во Австралија. Федералниот суд во Мелбурн нареди српскиот тенисер да биде пуштен од имиграцискиот притвор. Тој е во притвор откако дојде во Австралија во средата, а на денешното сослушување судот утврдил дека граничните служби неразумно му ја укинале визата на српскиот тенисер.
Олуката за укинување на визата на Ѓоковиќ ја поништи судијата Ентони Кели , а им нареди на австралиската влада да ги плати трошоците и во рок од 30 минути да му ги врати пасошот и личните работи. Најпрво да го ослободат од притворот. По оваа долука Ѓоковиќ има право да влезе во Австралија, но правниот застапник на владата Кристофер Трен рече дека министерот за имиграција Алекс Хок има право и ќе размисли дали ќе го искористи личното овластување за повторно да му ја поништи визата.
„Што повеќе можел да направи тој човек“, праша судијата Кели откако на сослушувањето му било предочено дека два одделни медицински панела го одобриле изземањето на Ѓоковиќ.
Тој исто така изразил загриженост за третманот што Ѓоковиќ го имал по доаѓањето во Австралија.
Според австралиските имиграциски закони, министерот има исклучителни овластувања и дискреција за да поништува визи од кои било причини. Судијата речее дека ако министерот донесе таква одлука, тогаш Ѓоковиќ три години можеби нема да можа да влезе во Австралија.
Организаторите на Австралија опен му дозволија на Ѓоковиќ да учествува иако не е вакциниран против ковид-19, иако вакцинат е главен услов за влез во земјата. Тој доби дозвола за медицинско изземање од вакцинирањето затоа што имал позитивен тест за корона на 16 декември. Австралиските власти во ноември ја известиле Тениската федерација дека скорешна зараза со коронавирусот не е нужна основа за изземање.