Тенисер e обвинет за местење натпревари, му се заканува доживотна суспензија

Тенисерот Николос Басилашвили од Грузија е обвинет за местење на натпревари и сега му се заканува доживотна суспензија. Како што пренесува рускиот портал „Го Тени“, 21 тенисер во светот се товари дека местел натпревари во 2016 година.

Меѓународната тениска единица за интегритет ИТИА, почна со истрага која се води во неколку земји. Басилашвили во својата кариера досега има освоено пет АТП титули. Тој во моментов се наоѓа во најдобриот период во кариерата.

Русите пренесуваат дека неговата казна би можела да му биде намалена доколку соработува со ИТИА. За потсетување, тој беше уапсен во 2020 година во Тбилиси, поради обвинувањата дека ја претепал сопругата пред своето дете.

 

 

Scroll to Top