Трајковски, Барди и селекторот Милевски добија дипломатски пасоши

Фудбалските репрезентативци Александар Трајковски и Енис Барди, и селекторот Боби Милевски денеска добија дипломатски пасоши. Тие утрово во Министерството за надворешни работи се сретнаа со министерот Бујар Османи, па се сликаа за новите пасоши. Сето ова доаѓа откако Македонија го победи европскиот првак Италија и ги елиминираше во баражот за Светското првенство во Катар.

„Денеска во МНР на Трајковски, Барди и селекторот Милевски ќе им бидат врачени дипломатски пасоши. Тие сега се наши најважни амбасадори и заслужуваат дипломатски пасош. Се надевам ќе продолжат да нè радуваат и во натпреварот со Португалија“, кажа министерот Бујар Османи, а потоа изјави и дека ако ка победат Португалија, и останатите фудбалери од репрезентацијата ќе добијат дипломатски пасош.

За потсетување, Македонија ја победи Италија 1:0 во Палермо. Во вторник фудбалерите ќе играат со Португалија во Порто, а победникот ќе биде учесник на Муднијалот во Катар кој ќе се одржи во декември.

Ова е за мојата фамилија и цела Македонија, репрезентативецот Трајковски со многу емоции по голот што ѝ го даде на Италија

Scroll to Top