Трамп: Ако градовите се небезбедни – натпреварите од СП 2026 ќе ги преместам!

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека е подготвен да ги премести натпреварите од Светското првенство 2026 доколку смета дека некој град не е безбеден.

„СП ќе биде безбедно. Ако мислам дека некој град е ризичен, натпреварите ќе ги преместиме,“ изјави Трамп, притоа спомнувајќи ја високата стапка на криминал во Чикаго, иако тој град не е домаќин.

На листата домаќини се градови како Лос Анџелес, Сан Франциско и Сиетл – сите упоришта на демократите.

САД ќе бидат домаќин на Мундијалот заедно со Канада и Мексико, од 11 јуни до 19 јули 2026 година.

Scroll to Top