Тренерите на Јувентус, Андреа Пирло и Игор Тудор, ќе пробаат да го копираат Баерн Минхен

Тренерите на италијанскиот клуб Јуветус, Андреа Пирло и Игор Тудор, ќе пробаат да го копираат во играта германскиот и европски шампион Баерн Минхен.

„Архитектот“, надимак кој Пирло го доби низ годините, градејќи ја неговата игра, заедно со неговиот помошник, поранешниот тренер на Хајдук и некогашен играч на „старата дама“, Игор Тудор, ги подготвуваат новите начини на тренирање и вежби.

Еден од најдобрите играчи за врека во историјата на фудбалот, Пирло, седна на клупата на својот поранешен клуб, Јувентус, по изненадувачкото испаѓање од Лион во осминафиналето од Лига на шампиони. Пиро само една недела по објавата дека ќе го превземе младинскиот тим на Јувентус, веднаш седна на клупата на сениорите.

Јувентус како и секоја година е апсолутен фаворит за „скудетото“, кое ќе им биде десетто во низа, ако го освојат, но имаат големи амбиции за Лига на шампиони, која последен пат ја освоија во 1996 година. За малку ќе ја освоеја и во 1997, 1998 и 2003 година, ако не загубеја во финалето.

А свежи се раните и од финалето во 2015 година против Барселона и во 2017 година против Реал Мадрид.

„Момците се желни за добра работа и ја прифаќаат новата методологија со некои нови вежби, кои никогаш не сме ги работеле. Тоа носи голем ентузијазам“, изјавил Пирло.

Тој издвојил и тактика на која посебно ќе работи со своите играчи и која ја детектирал како клучна за освојувањето на Лига на шампиони. А тоа значи копија на играта на Баерн, Gegenpressing.

„Агресивноста и желбата да ја вратиме топката откако ќе ја изгубиме. Тоа е нешто на кое ќе работиме многу. Глејаќи ја последната Лига на шампиони, момците кои стигнаа д крајот, беа оние кои се обидуваа да ја вратат топката во најкраток можен рок. Тоа мора да биде карактеристика која ќе ја направи разликата“, изјавил Пирло.

Пирло во дресот на Јувентус одигра 164 натпревари, во кои постигна 19 голови и дури 38 пати асистирал за погодок. Позната е неговата изјава дека би станал најдобриот асистент на сите времиња, ако играл со Кристијано Роналдо во ист тим.

 

Scroll to Top