Тројца македонски спортисти се меѓу најдобрите на Балканот

Дејан Георгиевски, Емил Павлов и Горан Пандев се тројцата македонски спортисти кои се најдоа на листата Најдобри 50 спортисти во регионот за 2021 година. Најдобрите спортисти традиционално ги избира Бугарската новинарска агенција (БТА). За најдобар спортист на Балканот избран српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Најдобро од сите е пласиран теквондистот Дејан Георгиевски кој освои сребрен медал на Летната олимпијада во Токио. Тој е седумнаесетти на листата, со ист број на бодови како српската одбојкарка Тијана Бошковиќ.

На 24. место е каратист Емил Павлов, кој исто така освои сребрен медал, но на Светското првенство што се одржа во Дубаи. На делба на 31. место е Горан Пандев, кој како капитен ја предводеше Македонија на ЕП 2021.

По Ѓоковиќ, на листата се кошаркарот Јанис Антетокумбо од Грција и атлетичарот Милтаидис Тентоглу. Меѓу најдобрите десет се и Дистрија Красниќи (џудо, Косово), Јована Прековиќ (карате, Србија), Ивет Горанова (карате, Бугарија), Билјана Дудова (борење, Бугарија), Мартин и Валент Синковиќ (веслање, Хрватска), Мете Газоз (стрелање, Турција) и Николета-Анкуца Боднар и Симона Радиш (веслање, Романија).

Scroll to Top