Цел тим на „Барселона“ е во карантин

Ракометниот тим на „Барселона“ е во карантин откако четворица ракометари добија позитивни резултати на тестовите за корона. Пред неколку дена Каспер Мортенсен откри дека е заразен, а сега уште тројца ракометари се позитивни, по што сите од клубот ќе одат во 10-дневен карантин.

Поради новата ситуација, натпреварот од Лигата на шампионите со „Веспрем“ ќе мора да биде одложен, бидејќи треба да се игра в среда.

Од клубот најавија дека во текот на оваа недела ќе објават доколку уште некој од нивните играчи има корона.

Scroll to Top