Целосно сме уништени: Киелини разочаран по поразот од Македонија

Откако Mакедонија ја победи Италија во Палермо и ја елиминираше од баражот за Светското првенство, еден од најискусните фудбалери, Џорџо Киелини, не го криеше своето разочарување.

„Целосно сме уништени. Ова е шокантен пораз и неочекувано сценарио. Игравме добро, но не успеавме да постигнеме гол. Сепак, горд сум на тимот, играчите и селекторот Манчини. Сега ќе мораме да почнеме одново. Манчини треба да остане селектор“, рече дефанзивецот на Јувентус по натпреварот.

За пласман на Мундијалот Македонија ќе игра во вторник против Португалија во Порто.

Scroll to Top