Хрватскиот репрезентативец и поранешен ракометар на Вардар, Лука Циндриќ, се приклучи на акцијата за помош на настраданите и загрозените од земјотресот во Петриња и им понуди сместување во неговата куќа во Огулин на луѓе кои останале без својот дом. Силниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, кој завчера ја погоди Хрватска, нанесе голема материјална штета во Петриња, Сисак и околината.
„Семејствата кои останаа без своите домови по земјотресот можат да престојуваат во мојата куќа во Огулин, нормало престојот е бесплатен“, напиша ракометарот на „Инстаграм“.
Слично на Циндриќ, Дејан Ловрен на располагање го стави целиот свој хотел во Новаљи, а во акцијата за згрижување и помош се вклучија и други хрватски спортисти кои собираа помош и ја носеа до Петриња. Меѓу нив беа и кошаркарите на Цибона, Дамир Маркоте и Филип Бундобиќ