Црвена Ѕвезда го престигна Партизан во Евролигата

Со голема победа над Зенит во Санкт Петербург, Црвена Ѕвезда стана најдобриот српски клуб во елитното натпреварување Евролигата, по бројот на триумфи.

Досега долго време на врвот беше Партизан, но, црвено-белите успеаа да го престигнат најголемиот ривал со 79 победи во Евролигата, наспроти 78 кои ги има црно-белиот тим.

Разликата е во тоа што Ѕвезда има подобар процент, односно, до тој учинок стигнаа одигрувајќи 19 натпревари, една помалку од Партизан.

Партизан има повеќе одиграни натпревари, благодарение на тоа што од 2001 до 2014 година, играл 13 години континуирано во Евролигата.

Ѕвезда е речиси редовен учесник од 2014 година, а има пропуштено само една сезона во 2018/2019 година, кога Будуќност беше шампион на АБА лигата.

 

 

Scroll to Top