Уапсен сопругот на убиената атлетичарка Агнес Тироп

Полицијата во Кенија го приведе Ибрахим Родич, сопругот на атлетичарката Агнес Тироп (25), која пред неколку дена беше убиена во нејзиниот дом. Таа беше избодена со нож повеќе од дваесет пати, поради што полицијата веднаш покрена истрага за убиство.

По апсењето, полицијата соопшти дека сопругот на Тироп бил лишен од слобода во градот Момбаси, во обид да ја напушти земјата.

„Сè уште трае истрагата пред да биде донесена одлука за евентуално подигање обвинение“, изјавил шефот на локалната полиција, Давид Кахинга.

Тироп, која беше убиена две недели пред нејзиниот 26. роденден, постави светски рекорд на трката на 10 километри во женска конкуренција пред неколку месеци. Таа ја освои титулата светски првак во крос во 2015 година, а беше трета на трките на 10.000 метри на светските првенства во 2017 и 2019 година. На летните Олимписки игри во Токио го освои четвртото место на 5.000 метри.

Светската рекордерка на 10 километри убиена во својот дом во Кенија

Scroll to Top