УЕФА од втор обид ги извлече осминафиналните двојки во ЛШ, Челси повторно против Лил

Поради технички проблеми со софтверот, УЕФА попладнево од втор обид ги извлече осминафиналните двојки во Лигата на шампионите.

Како и при првата жрепка што беше извлечена точно напладне, бранителот на трофејот, Челси, за противник го доби француски Лил, а Манчестер јунајтед, место со ПСЖ, ќе игра против
Атлетико Мадрид,

Лига на шампионите, осмина-финале:

Салцбург – Баерн Минхен, Спортинг – Манчестер сити, Бенфика – Ајакс, Челси – Лил, Атлетико – Манчестер јунајтед, Вилјареал – Јувентус, Интер – Ливерпул, ПСЖ – Реал Мадрид.

Првите средби ќе се играат на 15/16/22/23 февруари, а реваншите се на програмата 8/9/15/16 март.

Scroll to Top