Украинскиот боксер и светски шампион, Олександр Усик, се врати дома за да ја брани својата земја

Светскиот шампион во тешка категорија Олександр Усик во вторникот се врати дома во Украина, подготвен да земе оружје за да ја одбрани својата земја, откако пред неколку месеци се соочи со противници во боксерскиот ринг, објави Си-ен-ен. Медиумската куќа разговараше со него во подрум во Киев. Во интервјуто тој вели дека тоа е негова должност да се бори, да го барни својот дом и семејството, па затоа морал да го направи ова.

Усик додава дека не сака да убие никого, но ќе направи сè што е потребно за да се заштити себеси и своите најблиски.

Но тој не е единствениот боксерски шампион кој земал оружје за да ја одбрани својата земја од нападот на Русија. Покрај него и поранешниот светски шампион во тешка категорија и градоначалник на Киев, Виталиј Кличко, во вторникот изјави дека е горд на украинските граѓани што ја бранат својата земја и ја гледа битката што претстои како борба за иднината на Украина. Тој и неговиот брат, колегата од куќата на славните, Владимир Кличко, ветија дека ќе се борат за Украина.

Додека,пак, украинскиот светски шампион во три тежини, Василиј Ломаченко, веќе му се придружи на одбранбениот баталјон во својата земја.

Scroll to Top