Валентино Роси повторно позитивен на коронавирус

Возачот на Јамаха Валентино Роси, повторно е позитивен на коронавирус. Неговиот настап на трката за Големата награда на Европа во Валенсија оваа недела ќе биде под знак прашање.

Новиот тест го направил во вторникот и истиот покажал дека Роси е заразен со ковид 19. За настапот во Валенсија потребни му се два негативни теста на коронавирус, пишува на сајтот на „Јамаха“.

Роси сепак има шанса да настапи на Големата награда на Европа, доколку до петок, кога ќе почнат слободните тренинзи, добие два негативни теста.

Тој веќе ги пропушти двете последни трки во Арагон, по враќањето од Големата награда за Франција во Ле Ман, на 15. октомври, кога дозна дека е заразен со вирусот.

Неговата потенцијална замена за Големата награда на Европа, е Американецот Герет Герлоф, велат од „Јамаха“.

 

 

Scroll to Top